П: Што е Аикидо

О: Аикидо е боречка вештина создадена од Морихеи Уешиба. тоа е синтеза на боречките вештини кои тој ги тренирал и духовната патека која ја следел.

П: Што е Ивама Рју

О: -Еден ден во Јули 1981, јас водев интервју со Зензабуро Аказава, учидеши од пред втората светска војна на Морихеи Уешиба од времето на Кобукан Доџо. Господинот Аказава ми покажа техничко упатство издадено 1938 наречено Будо кое јас го немав видено дотогаш. Тоа содржеше слики од околу пеесет техники демонстрирани од самиот оснивач. Како што полека ги вртев страните од ова упатство, јас бев вчудоневиден што видов во сликите дека изведбата на неколку основни техники како икјо, ириминаге и шихонаге беа скоро потполно идентични со она што јас го учев во Ивама од Саито Сенсеи. Овдека беше самиот оснивач демонстрирајќи го го она што јас дотогаш го сметав за Ивама стил на Аикидо--Stanley Pranin

-Како што тој често ја нарекуваше неговата вештина Традиционално Аикидо, неговата вештина неоспорно ја носеше тежината на дирекниот пренос од О-сенсеи, во својата суштина како и од перспектива на историски факт-- T.K.Chiba

Морихиро Саито почнал да вежба аикидо на 18 години во Ивама Доџо, 1946. Од тој ден па се до смртта на Морихеи Уешиба, не само што тренирал редовно туку Морихиро Саито му помагал на основачот во сите аспекти од неговиот живот. Така да тој бил во уникатна позиција да му служи на оснивачот како тренинг партнер, со што бил изложен на комплетното учење на оснивачот. Кога оснивачот починал во Април 1969, Саито постанал доџо-чо на Ивама Доџо и бил задолчен да води сметка за Аики светилиштето кое Морихеи Аушиба го изградил во близина. После неговата смрт на 13 Мај, 2002 неговиот син Хитохиро Саито ја продолжи работата на својот татко во зачувување и подучување на Ивама Стилиот на Аикидо.


П: Изјава на Ивама Шин Шин Аики Шурен Каи Каичо

О: 10 месеци поминаа од кога Ивама групата ја напушти Аикикаи Федерацијата и постана независна група. Големо задоволство ми  е да им кажам на сите наши членови дека јас ги развивам моите активности полека но сигурно со сигурни чекори. Во ова писмо, јас би сакал да им се забладорам, од длабочината на моето срце, на сите вие кои константно ме поддржувавте и ми ја нудите вашата искрена соработка.

Како прво, јас сакам да ви кажам што се случи откако мојот татко, Морихиро Саито, почина на 13 Мај 2002. Јас ја посетива главната канцеларија на Аикикаи Федерацијата заедно со претседателот на комитетот на официјалната погребална церемонија за мојот татко, и ние имавме состанок со Дошу и уште една личност од Се Јапонската Аикидо Федерациј

Следново е што беше побарано од на на тој состанок:

  • Да им го вратам името Ибараки Доџошо на Аикикаи

.

  • Саито фамилијата да престане да ја користи титулата Чувари на Аики Светилиштето
  • Ние да престанеме да даваме Ивама Рју сертификати, ако останеме внатре во Аикикаи Федерацијата

Јас веќе размислував дека треба да го вратам Ибараки доџото во блиска иднина така да одма одговорив дека нема проблем да се согласам за првото и второто барање. Меѓутоа, јас бев малку збунет од нивното трето барање.

Како што сите знаат, тренингот што моментално го водиме во Ивамае различен од тренингот што се води во многу други аикидо доџоа. Ова е затоа што ние верно ги зачувавме учењата на О`сенсеи и мојот татко беше секогаш горд на тоа. Овој тренинг се заснива на принципот на унијата од Меч, Таиџутсу и Мотка и беше пренесен само на мојот татко. Мојот татко го посвети сиот свој живот на работа со Оснивачот во полињата и шумата, помагајќи му во земјоделството и дрводелството. Го служеше Оснивачот комплетно, буквално давајќи го своето тело и душа. Тој велеше `Ја ги предавам искрено техниките на кои ме учеше Оснивачот бидејќи ова Ибараки Доџо му припаѓа на самиот Оснивач`. Ивама Рју групата со нејзиниот систем за рангирање беше креирана за оние кои беа допрени од начинот на живот на мојот татко и кои одбраа да го следат како нивен учител. Овие степени беа во главно доделувани на негови ученици надвор од Јапонија.

Така да мојот одговор кон Дошу во однос на третото барање беше дека е желбата на мојот татко да се сочува Ивама Рју и го замолив да направи една работа за возврат на моето прифаќање на неговите две барања. Тоа беше да објави во нивниот официјално писмо дека Ивама Рју го вежба Аикидото на Оснивачот. Ако Аикикаи го покажат нивното прзнавање и прифаќање за нас, мислев, тогаш Аикикаи дипломите ќе постанеа светло богатство за сите ученици на Ивама Рју. Меѓутоа ова не се случи и никој во Аикикаи Федерацијата не беше информиран за овој состанок

Јас мислев да не ги вознемирувам Аикикаи Федерацијата или Дошу со прашањето  за Ивама Рјѕ за време на периодот на жалење за мојот татко од три години, така да не планирав да давам Ивама Рју сертификати. Меѓутоа, за помалку од една година, моите ученици почнаа да ме прашуваат, откога добиваа Аикикаи сертификати, да им дадам и Ивама Рју истотака.

После смртта на мојот татко, постарите негови ученици сакаа да бидат независни и формираа нивна организација под име `Такемусу Аики`. Тие исто така почнаа да даваат нивни сертификати на нивните ученици. Во оваа ситуација кога се случуваше разделба во нашата група, сеуште имаше многу ученици кои одбраа да ме следат мене на ист начин како што го следеа мојот татко. Тие се правото богатство кое мојот татко ми го остави. Така да, кога јас бев прашан да дадам Ивама Рју сертификати, јас неможев да ги одбијам ти барања.

Ние, Саито фамилијата, ќе продолжиме да живееме покрај Ибараки доџо. Ние ги нудиме нашите молитви во Аики Храмот и и посакуваме на Уешиба фамилијата добро здравје. Ние им сме благодарни на луѓето кои сега го водат Ибараки Шибу Доџо. ЈАс мислам дека е најдобар начин повеќе луѓе да ја делат задачата да водат сметка за Аики Храмото и доџото.

Јас ќе продолжам да се издигнувам и унапредувам себеси, созревајќи ги и развивајќи ги аикидо техниките. Во исто време јас ќе продолжам да го следам Оснивачот и ќе се посветам да го зачувам учењето на мојот татко. Јас длабоко сакам да работам со вас, јас сакам да се сретнам и зближам со многу луѓе. Моја искрена желба е да им помогнам на што повеќе луѓе да го разберат принципот на вистинските основни техники на Оснивачот.

Со срдечен поздрав,

Септември 2004, на Интернационалниот Семинар во Италија, Европа

Хитохиро Саито


П: Што е Ивама Шиншин Аики Шуренкаи

A: НА 21ви Февруари, 2004, ноава асоцијација основана од Хитохиро Саито беше инагуирана по име `Ивама Шиншин Аики Шуренкаи`

Шиншин - да веруваш во богови

Бидејќи О`сенсеи веруваше во богови, тој го почнуваше секое утро со читање на норито (молитви кон боговите). Потоа чистеше и работеше во полето, после што следеше тренингот. Навечер тој пак читаше норито и тренираше. Со тоа денот беше завршен. Читајќи норито и молејќи се О`сенсеи достигна просветлување. Јас го употребувам зборот шиншин за да обезбедам дека ние ја земаме во обзир вредноста на срцето.


Шурен - сериозно вежбање

Јас сакам да го продолжам тренингот што О`сенсеи ни го даде на татко ми и мене. Мојот татко ја исполнуваше оваа задача се до својата смрт.  Сега јас морам да продолжам со ова наследство да учам заинтересирани аикидоки во сериозно дневно вежбање. За О`сенсеи беше многу важно да ги предава основните форми секојдневно и така правеше и мојот татко со децении. Во Ивама ние не вежбаме базирајќи се на нешто што сме го гледале, ние вежбаме нешто што е јасно објаснето во секој еден чекор. Не можете ова да го научите во една или две години, за ова треба многу време.


Јуку - школа

Не треба да го врзувате вашето срце премногу за некое место, одредена работа или пари. Пари ви требаат за да живеете и може да имате добро место или доџо, но не треба да бидете врзани за тоа премногу и да се борите на таа сметка. Држете го умот слободен и не бидете крути. Прошлата година јас бев способен да напуштам едно многу важно место, бидејќи не бев премногу врзан кон него. За да можете да бидете способни да одите по патеката, не треба да бидете премногу врзани кон нештата, инаку нема повеќе развој.


Нишин Гепо - дневен напредок

Треба да бидете стрпливи и да вежбата чекор по чекор. Треба секогаш да се осеќате како почетник до крајот на вашиот живот. Овој начин на вежбање одсекогаш постоел во Ивама. Јас ќе продолжам со тоа и секогаш ќе го имам на ум кога вежбам со други